Џојстиците се користат како замена за компјутерското глувче за лица кои имаат телесни потешкотии и ограничени движења на рацете. Овие уреди се состојат од една рачка и повеќе тастери. Курсорот се управува со помош на движење на рачката, која се движи во сите насоки, додека тастерите ги заменуваат некои од командите на глувчето (лев клик, десен клик, влечење и сл).